Одложен „историскиот митинг“ кој го најави Вучиќ
Митингот на кој повика партијата на Вучиќ, кој требаше да биде реакција на протестот кој беше одржан од страна на студентите на 15 март, дефинитивно е одложен, објавија српските медиуми.
Иако сè уште нема официјална потврда, собирот нема да се одржи во петок, 28 март.
Ги покануваме сите работници, селани, чесната Србија на најголемиот собир во историјата на Србија на 28 март во Белград, рече Вучиќ на 10 март.
Сепак, контра-собирот нема да се одржи. На вработените во јавниот сектор не им биле дадени “специјални” работни задачи, автобуските линии сè уште работат редовно, а листите на квоти сè уште не се појавиле. Нов датум не е на повидок, но неофицијално може да се слушне од круговите блиски до СНС дека собирот ќе биде одложен за втората половина на април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…