Одложен „Маршот на ангелите“ поради првомајските празници: „Продолжуваме на 9 мај со уште поголема сила“
Традиционалниот протестен марш познат како „Маршот на ангелите“, кој требаше да се одржи оваа сабота, се одлага поради празникот 1 Мај и претстојниот продолжен викенд. Организаторите преку соопштение ги информираа граѓаните дека паузата е привремена и дека нивната борба за правда не запира.
„Не застануваме и не молчиме“ Иако оваа сабота маршот нема да се одржи, организаторите испратија силна порака до јавноста дека нивната решителност останува иста.
„Но ние не застануваме. Не молчиме. И нема да се откажеме“, стои во објавата на организацискиот одбор.
Активностите ќе продолжат веднаш по празничниот период. Како што е најавено, следниот марш е закажан за идната сабота, 9 мај. Организаторите најавуваат дека собирот ќе се одржи со уште поголема масовност и со истата јасна порака која ја упатуваат од самиот почеток: „Правда мора да има!!“.
Овој марш, кој симболично го носи името на „ангелите“, претставува граѓански крик за одговорност и праведен исход на настаните кои се предмет на нивниот протест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…