„Однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот лицемерие“, велат од МОН

t

Министерството за образование и наука ги отфрла како неточни обвинувањата на СДСМ дека учениците со попреченост ја започнале учебната година без образовни асистенти, оценувајќи дека актуелниот број на ангажирани асистенти е најголем досега.

Од МОН посочуваат дека за време на седумгодишното управување на СДСМ со Владата, четворица министри за образование не успеале, како што тврди Министерството, да обезбедат образовни асистенти за сите ученици со попреченост во редовните основни и средни училишта.

Според МОН, во 2024 година биле ангажирани 800 образовни асистенти, и тоа само во основното образование, додека во средните училишта немало ангажирани стручни лица за образовна асистенција.

Од Министерството велат дека денес состојбата е значително подобрена. Ангажирани се 1.358 образовни асистенти во основното и 166 во средното образование, а во тек е постапка за ангажирање дополнителен број стручни лица согласно пријавените потреби од родителите.

МОН информира и дека се зајакнуваат стручните служби во училиштата, со ангажирање на кадар што, како што наведуваат, недостигал во минатото. Според Министерството, денес нема училиште без стручна служба.

Паралелно, се преземаат мерки за подобрување на пристапноста на училишните објекти за лицата со попреченост, меѓу кои изградба на рампи и соодветни тоалети.

Од МОН посочуваат и дека е воведено системско решение за учениците кои подолго време се на болничко или домашно лекување. Тие ќе можат да ја следат наставата онлајн заедно со својот клас или наставникот индивидуално да работи со нив, со што, според Министерството, дополнително се унапредува инклузивноста во образованието.

Од новата академска година, МОН најавува и нов тип стипендии за студенти со попреченост и ретки болести, со што, како што наведуваат, ќе се одговори на барањата на нивните здруженија и сојузи, а политиките за стипендирање ќе се усогласуваат со европските практики.

Во однос на критиките за училиштата во руралните средини, МОН посочува дека дел од нив привремено се затвораат поради немање запишани ученици. Од Министерството оценуваат дека тоа е последица на политиките на претходната власт, за кои тврдат дека во периодот од седум години довеле до намалување на бројот на ученици за околу 17.000.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот…

Министерството за образование и наука ги отфрла…

Дизелот од полноќ ќе чини над 100…

Од полноќ, 8 септември, стапуваат на сила нови,…

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради…

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен…

Странските инвестиции во Македонија зголемени за 86…

Приливот на странски директни инвестиции во периодот…