Одреден ПРИТВОР за еден најпознатите македонски јутјубери – Ритко заврши зад решетки, осомничен е за ГРОЗОМОРЕН СЛУЧАЈ!
Вчера пред просториите на СВР Битола роднини пријатели и фанови со мирен протест бараа ослободување на Ритко, на кого моментално му е одреден 30 дневен притвор во Идризово.
Според билтенот на МВР Ритко злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Youtube. Јавноста е со поделено мислење за ова, а дел од нив е и згрозена- но дали навистина се случило тоа или не ќе покажат истрагата и доказите.
Вчера меѓу присутните беше и мајката на јутјуберот Ритко, таа јавно кажа дека нејзиниот син ни на сон не би направил таков чекор, да наведе друго лице да изврши полово дејствие. Ритко им помагаше на сите, им купуваше храна и облека вели неговата мајка, тој е шоумен и сето ова го прави со цел да ги забавува гледачите и неговите фанови.
Како што информира ОЈО, на 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Youtube.
-Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оценувајќи дека предлогот е оправдан и законски основан, Судот определи притвор во траење од 30 дена, соопшти ОЈО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…