Објавено на:

Одреден притвор за уште еден Србин во Косово: Нападнал новинари

t

На Урош Вукашиновиќ, Србинот од Косово и Метохија, кој во понеделникот беше уапсен во Лепосавиќ за наводен напад врз новинари, му е одредена мерка притвор од 30 дена, потврди за Танјуг неговиот адвокат Небојша Влајиќ.

Вукашиновиќ обвинителството го товари за нападот врз новинарите што наводно се случил на 16 јуни.

Урош Вукашиновиќ во понеделникот беше уапсен од членови на т.н косовски полицајци во цивил кога отишол на работа, а како што соопшти директорот на Управата за Косово и Метохија Петар Петковиќ, еден од полицајците управувал возило со таблички „КМ“.

За напад на новинари обвинети се и Немања Влашковиќ и Далибор Спасиќ, кои беа уапсени деновиве.

Ним, како и на Вукашиновиќ, им е одреден 30-дневен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…

Најава за нови апсења на Косово, дали…

Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…