Одрони од карпи, камења и земја кон Бањиче – единствената пешачка зона во Тетово

t

Ерозивните процеси долж пешачката зона која води кон рекреативното место Бањиче повторно се активираа.

Но, деновиве камења, земја, на некои места и огромни карпи има долж целиот патен правец. Ризиците се огромни, но тетовци и натаму се уште го користат овој предел за одмор, релаксација и рекреација оти е единствената пешачка зона во Тетово.

Тетовецот Гајур Љума вели дека два пати во текот на денот оди кон пределот Бањиче. Жално е посочува тој ова место да не се искористи. Тука покрај реката Пена и на „Шара“ ги „полнам батериите“, но и белите дробови со чист воздух. Стравот е присутен, внимавам, се движам подалеку од планината каде се активираат одроните. Но, крајно време е општината да преземе сериозни чекори во однос на овој долгогодишен проблем, кој ги засега тетовци оти во пролетниот и летниот период масовно го користиме ова рекреативно место.

„Ова е најубавото место кое го има Тетово, но за жал оваа историја со овие одрони се повторува и не само овде туку и надолу има одрони. Сите гледаме дека е опасно, има одрони особено кога врне. Јас се надевам дека ќе се уреди, но треба да има и екипа која ќе го одржува патот. Сами гледате, тука секој викенд има многу луѓе, пешачат, единствено место каде излегуваме во природа и тоа треба да го зачуваме. Јас до Бањиче одам секој ден наутро и попладне. Жално е да не искористи оваа природа, ова е единственото место каде што можеме да дишеме слободно, што правиме ние за одржување на природата , целосно како држава не правиме ништо во споредба со европските стандарди кон кои се стремиме“, рече Љума.

За жал и свеста на народот е на ниско ниво, додава Љума. Разочаран е што постојано гледа како се фрлаат отпадоци и во најживописните предели на „Шара“.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување

Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…

Левица: Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ…

Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ промивира…

Се пренасочува сообраќајот на патот Тетово –…

АМСМ информира дека регионалниот пат Тетово –…

Паднати бандери и дрвја, поплавени куќи и…

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека вчера во…