Објавено на:

Од август повторно ќе се игра фудбал во Украина?

t

Иако имаше најави дека новото украинско фудбалско првенство во некаков скратен формат во новата сезона ќе се игра во Турција, Украинците решени се топката повторно да се стркала во нивната земја, иако сѐ уште е во ек руската агресија и воените дејствија без најави дека за брзо ќе запре.

Украинскиот фудбал се прекина веднаш откако Русија тргна со жестоките воени напади на 24 февруари и од тој ден фудбал не се игра во земјата, а низа стадиони се буквално срамнети со земја, пред сѐ во деловите каде се водеа најжестоки битки, Чернихив, Ирпин, Буча, Харков, Мариупол…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски даде зелено светло од август фудбалот во Украина повторно да се игра, макар руски бомби да продолжат да паѓаат врз земјата во агресијата, во која најжестоко е во регионот Донбас. Првиот човек на украинскиот фудбал, Андриј Павелко веќе разговарал со Зеленски и ги информирал УЕФА и ФИФА за одлуката фудбал да се игра во Украина.

-Јас разговарав со нашиот претседател Зеленски за тоа колку фудбалот е важен во овие тешки моменти. Разговаравме колку фудбалот има моќ да им помогне на луѓето за да размислуваат за иднината, а знаеме под каква психоза се моментно. Во моментов севкупното разположение е на најниско ниво, што е нормално, но фудбалот може да им понуди надеж, да размислуваат за иднината. Така да донесовме одлука со претседателот да продолжи фудбалот од август. Јас ги информирав и ФИФА и УЕФА за одлуката да имаме првенство во воена состојба, додека паѓаат бомби. Сметаме на нивна поддршка и сега разговараме за деталите, рече Павелко.

Засега не е познато во кој делови од земјата би се играле мечевите, ниту како регрутираните фудбалери или доброволците ќе добијат слобода да играат фудбал.

Во најава е дека украинските клубови кои од летово ќе играат во европските натпреварувања, своите мечеви да ги играат во Полска, но за тоа допрва ќе следи официјална потврда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…