„ОД БЛИСКОСТА СО ТРАМП МОЖЕ САМО ДА ДОБИЕМЕ“: Излишни се сите коментари за идентитетски прашања, вели Мицкоски
Со контактите што ги имаме од најблискиот периметар на претседателот на САД Доналд Трамп можеме само да добиеме, а не и да изгубиме, изјави премиерот Христијан Мицкоски запрашан дали очекува новата администрација на американскиот претседател да ни помогне да ги решиме проблемите со Бугарија за побрз влез во ЕУ.
– Имам чувство, а и тоа што успеав од прво лице да го видам и слушнам е дека полека, но сигурно од Вашингтон и насекаде во светот ќе се шири и ќе владее новото нормално. Ние сме меѓу првите што го поддржавме новото нормално и ценам дека тоа ќе биде масовно во периодот којшто следи и ќе добие голема поддршка во светот. Ценам дека со контактите што ги имаме од најблискиот периметар на претседателот Трамп можеме само да добиеме, а не и да изгубиме – рече Мицкоски.
Тој го повтори ставот дека билатералниот спор што го имаме со Бугарија е спор што нема никаква врска со вредностите на 21 век.
– Ценам дека треба час поскоро ние како држава да ги почнеме и формално преговорите со ЕУ коишто се дел од овој билатерален спор. А за сите останати атрибути кои се дел од овој билатерален спор кој за жал, уште одредени политички кругови кај нашиот источен сосед ги третираат како свој врвен приоритет, мислам и не треба премногу да се коментира бидејќи сепак идентитетски прашања, прашања што се поврзани со идентитетот на македонскиот народ – секој мој коментар би бил одвишен и се знае кој е мојот став по тоа прашање – рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…