Од болницата во Куманово, велат дека протоколите се почитувале при породувањето на 31-годишната жена што почина

t

Гинеколог од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје бил вклучен во породувањето на 31-годишната родилка од Куманово која почина викендов. Со него болницата имала склучено договор одобрен од Министерството за здравство. Утринава во болницата се одржа итен стручен состанок на кој раководството се обидува да спроведе интерна истрага која би му била од помош на Обвинителството. Повикан е и гинекологот од ГАК за да даде свое видување на настанот.

Директорот на болницата доктор Стефан Трајановски за „Слободен печат“ вели дека како раководител е најфокусиран на тоа дали се почитувале протоколите при породувањето.

-Можам да ви кажам дека генерално протоколите се запазени и тоа го утврдивме на стручниот состанок. Како раководител најмногу ме интересира тоа. Постапувано е и по наредба на обвинител. Извршен е детален информативен разговор, изјави за „Слободен печат“ директорот, доктор Трајановски.

Причината за смртта на младата жена се очекува да ја покаже обдукцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Омилената докторка на повредените е нова директорка…

Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…

Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово

Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…

Наместо во благајна, парите завршиле во џеб:…

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…

Јавен апел: Сите повредени во пожарот во…

Сите повредени во пожарот кои биле на…

Тинејџерка од Куманово е тешко повредена, со…

Вчера претпладне, 18-годишна девојка од Куманово, возејќи…