Од Браќата Фрашери до Кадаре и Миѓени: Предложени се 74 називи на улици во Тетово
Работната група за преименување на улиците во Општина Тетово ја утврди листата на предложени имиња, со која треба да се промени дел од постојната улична номенклатура во градот.
На втората седница, одржана во вторникот, 14 јули, групата определила 74 предлози за нови имиња на улици, информира „Тетовоинфо“.
Претседателот на Работната група, Алби Ќамили, изјави дека меѓу предложените имиња се личности од различни области – историја, култура, образование и спорт.
– Од Скендербег, Мајка Тереза и Браќата Фрашери, до Кадаре и Миѓени, тоа се новите имиња што ќе бидат поставени на улиците на Тетово. Вклучени се и личности кои оставија неизбришлива трага во културниот, образовниот и спортскиот живот на Тетово, како писателите Мурат Исаку и Абдулазис Ислами, диригентот Гани Јахја и фудбалерот Хаќим Мемеди – изјави Ќамили.
Тој додаде дека улиците каде што живеат македонски граѓани нема да ги задржат досегашните југословенски имиња, туку ќе добијат називи поврзани со личности од македонската историја и култура, меѓу кои го посочи и Крсте Петков Мисирков.
Предлогот за промена на имињата на улиците доаѓа откако предлог-одлука за преименување беше поднесена и од советниците на ДУИ на седницата на Советот на Општина Тетово.
Предлогот беше прифатен за разгледување, но седницата доби политичка тензија откако советниците на ДУИ ја напуштија поради незадоволство што точката не била ставена како прва на дневен ред. Подоцна, мнозинството советници ја отфрлија точката.
Темата за имињата на улиците во Тетово повторно се актуализираше откако пред еден месец Уставниот суд, постапувајќи по иницијатива на Сојузот на борците, ја укина одлуката на Општина Тетово за преименување на повеќе улици, донесена во 2007 година од тогашната локална власт предводена од ДУИ.
Конечната одлука за новите имиња треба да ја донесе Советот на Општина Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија ја обвини Русија за нападот со…
Германија официјално ја обвини Русија за организирање…
Татко го нападнал малолетниот син, мајката вели…
Триесет и петгодишен маж од скопско е…
„Ако знаеле, зошто не постапиле – 63…
Здружението 16 март 2025 реагира на денешното…
Два танкери со саудиска нафта биле нападнати…
Два супертанкери што превезувале саудиска нафта биле…
Пет активни пожари и пет под контрола…
На ден 01.09.2026 година, до 18:00 часот,…