Од ВМРО прашуваат за колку пари Заев и Филипче го продале името, од СДСМ им порачаа да го вратат
Дали и колку пари Филипче и Заев земале за продажбата на името, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.
– Ова е навистина едно значајно прашање кое отвора прашање и за друг случај, а тоа е следното. Ако Киро Глигоров, како поранешен претседател, одбил 100 милиони долари за промена на името, колку Заев и Филипче имаат земено за промената на името Македонија? Тоа е прашањето кое што се наметнува по овој случај.
И тоа е сосем легитимно прашање кое треба јавно да биде одговорено од ова дуо, бидејќи како прво, станува збор за прашање од важност за државата и за граѓаните, и како второ, ако земале пари, тоа се пари кои што се земени од нелегални активности и треба да се одговара за истото.
Да потсетиме дека овие двајца се врзуваат со згради во Дубаи,со индиски авиокомпании, со фирми на Балканот, јахти и така натаму. Дали парите им се заработени од продажбата на името на Македонија се трошат на ваков начин и за колку пари го продале ако го сториле истото?
ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрага од надлежните институции за ова најголемо национално предавство. – вели Лефков.
Од СДСМ им порачаа да го вратат името ако имаат доволно пратеници.
„Ветивте на народот враќање на името. Ветивте на народот дека ќе го поништите Преспанскиот договор. Нас нè обвинивте дека сме предавници. Но, еве веќе втора година сте на власт и никаков потег немате во тој правец. Зошто сега не го смените името? Зошто сега не го направите тој чекор? Излезете и покренете иницијатива во Собранието. Вие знаете тоа многу лесно да го направите, во еден ден – исто како што го сторивте со декретот за забрана на говор“, порача денеска членот на ИО на СДСМ, Андреј Жерновски во обраќање до властите и најголемата владејачка партија.
Жерновски во тој случај, бара да им се „каже и на меѓународната заедница, на Европската Унија и на НАТО и народот, додека летаат ракети кон Европа, дека Македонија нема да биде во НАТО, дека нема кој да нè брани и дека ќе бидеме сами“.
„Кажете отворено дека повторно ќе бидеме БЈРМ, дека повторно ќе бидеме ФИРОМ. Ајде, de facto и de jure, меки ткива, мекотели. Нели за тоа ја баравте довербата од граѓаните. Нели тоа ви беше главното ветување пред гласачите. Имате 58 пратеника, ги имате ЗНАМ, ги имате ВЛЕН, а богами, после лидерската средба ги имате и ДУИ ги имате, и Левица. Што ве спречува да го направите овој потег? Се имате. Закажете Собрание, слободно закажете седница. На народот кажете му да купи прачки, па со тоа да ги гаѓа авионите и ракетите кои, недај Боже, би дошле во правец на Европа.
Тамам ќе добиете сигурно поддршка и од Русите и од Вучиќ, бидејќи и така и така работите во нивен интерес. Потоа, многу полесно ќе можете да криумчарите пет тони дрога – никој нема да ве спречи.
Ајде, патриоти. Ајде, комити. Зошто не го направите овој потег“, кажа членот на СДСМ на денешната прес-конференција.
„Ако Киро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на земјата како што е наведено во документите на ЦИА, тогаш се поставува прашањето колку пари добиле Зоран Заев и неговиот студент и пријател Венко Филипче за промена на името, или поточно за завршување на таа работа. Прашањето логично произлегува по неодамнешните објавувања на документите на ЦИА.“ Ова го велат од ВМРО-ДПМНЕ, по објавувањето на информацијата дека Глигоров ја одбил милионската понуда за промена на името на Македонија.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „дополнително, постои ситуација каде што се вели дека Зоран Заев и Венко Филипче се збогатиле екстремно и необјасниво по седум години власт“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од ВМРО прашуваат за колку пари Заев…
Дали и колку пари Филипче и Заев…
СДСМ и денес бара оставка од Тошковски…
Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски, членка…
СДСМ бара оставка од Панче Тошковски за…
„Трагедијата во скопската населба Карпош, каде трагично…
Филипче: Власта во Македонија има карактеристики како…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја спореди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заложници на криминалот, затоа…
СДС молчи и бeга од темата за…