СДСМ бара оставка од Панче Тошковски за трагедијата во Карпош

t

„Трагедијата во скопската населба Карпош, каде трагично згаснаа два животи на мајка и дете, покажа сериозни пропусти на институциите за заштита од семејно насилство. Две години пријавувано семејно, физичко и психичко насилство. Дури 12 пријави имало за сопругот, кој имал и други обвиненија а последниот случај му била најдена и дрога. Институциите биле алармирани, било пријавувано, имале сознанија, имало индиции за ризик и со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“ соопштија денеска од СДСМ.

Од партијата велат „Потфрли Панче Тошковски, потфрли МВР, потфрлија Центрите за социјална работа, целиот институционален, државен систем. Формалното постапување, не почитувањето на законските одредби за гонење на семејно насилство по службена должност, недостатокот на навремена реакција доведоа до трагична смрт на мајка и дете“.

„Само пред неколку месеци, во Велес, млада жена не беше заштитена, иако пријавувала малтретирање институциите не реагирале соодветно и беше убиена заедно со нејзиниот татко. Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство. За сите овие институционални пропусти мора да има одговорност. Бараме оставка од Панче Тошковски, соодветна истрага која со име и презиме ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и кај сите останати институции“ е ставот на опозициската партија.

Од СДСМ велат „сега Тошковски се сети да праќа телеграми, кога на некој му стигнуваат телеграми со сочувство? Требаше досега нешто да преземе. Одговорноста е кај оној што го води системот и не може да биде префрлена на некој друг. Единствена телеграма сега што треба да ја прати е неговата оставка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

Манијак во Карпош – следел и допирал…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…