Од голема кашлица се заболени 34 лица во државата, новиот министер за здравство апелира на вакцинација

t

Од голема кашлица се заболени 34 лица во државата информираше новиот министер за здравство Илир Демири. Тој апелираше до родителите да ги вакцинираат децата, бидејќи вакцината е најголемо достигнување на здравствениот систем.

Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Тие Родители Што Не Си Ги Вакцинираат Децата И Не Ги Праќаат Во Градинка, Прашајте Ги Нив Како Си Го Организираат Чувањето На Децата“, Одговори Демири На Новинарско Прашање По Свечената Академија За Отворањето На Центарот За Трансплантација На Хематопоетски Матични Клетки.

Вакциналните пунктови во поликлиниките во Скопје работат во две смени, до 19:30 часот, а во сабота од 8 до 14 часот. Деновиве е зголемен бројот на деца кои се вакцинираат, па на пунктовите се чека по минимум еден час.

Последните податоци за опфат со ДиТеПер вакцината, која се прима на 2, 4 и 6 месеци и ревакцина на 18 месеци и 7 години, се дека се вакцинирани 83,9 од децата, а треба да биде над 95 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…