Од градоначалникот па надолу сите во Гостивар треба да понесат морална одговорност за кризата со водата, смета Мицкоски

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека институциите ја завршиле својата работа во врска со случајот со загадената вода во Гостивар и дека извештајот од Институтот за јавно здравје е доставен до Обвинителството, кое треба да утврди евентуална кривична одговорност.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има нови информации по прогласувањето на епидемијата во Гостивар и дали постои морална одговорност кај функционери, Мицкоски рече дека очекува одговорност од локалните власти.

„Од прв до последен треба да понесат одговорност. Очекувам дека од градоначалникот па надолу сите треба да понесат одредена морална одговорност“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека Владата во изминатите денови презела мерки за обезбедување вода за пиење за граѓаните на Гостивар.

„Обезбедивме 50.000 литри флаширана вода за гостиварчани, а тоа ќе продолжи и во следниот период. Вчерашните количини утрово се поделени, а денеска очекуваме уште три шлепери со околу 60.000 литри вода“, рече премиерот.

Мицкоски нагласи дека водата од водоводниот систем во моментов не треба да се користи ниту за хигиена и технички потреби, согласно препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје.

Според него, сега е потребно Јавното претпријатие „Водовод“ Гостивар да го исчисти и хлорира системот.

„Треба локалното јавно претпријатие да започне со чистење на системот, хлорирање и во рок од ден, два или три граѓаните да можат да ја користат водата за технички потреби. Тоа е веќе во ингеренции на локалната самоуправа“, додаде Мицкоски.

Тој оцени дека Владата морала да реагира поради, како што рече, „летаргијата“ на локалните власти, иако снабдувањето со вода е надлежност на општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од градоначалникот па надолу сите во Гостивар…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека институциите…

Синдикалната кошница во јули 68.498 денари

И покрај минималното намалување во однос на…

Владата испраќа 60.000 литри вода во Гостивар,…

Владата продолжува со конкретни активности за справување…

Со помош на дрон и камери лоциран…

Полицијата соопшти нови, официјални детали за тешката…

МВР викендов уапси уште тројца пијани возачи

Во изминатиот период полицијата лиши од слобода…