Од Демократски сојуз загрижени за начинот на избор на кадри за раководни позиции

t

Од политичката партија Демократски сојуз изразуваат загриженост во врска со неодамнешното назначување на поранешен келнер за нов генерален директор и претседател на Управен одбор на Македонски железници.

Сметаме дека раководните позиции во јавните претпријатија мора да бидат пополнети со професионалци со долгогодишно искуство, знаење и висок степен на професионалност и интегритет. Ја повикуваме Владата да ја преиспита својата одлука и да почне да применува транспарентен и мерит процес на селекција при сите именувања во јавните претпријатија. Владата мора да даде приоритет на компетентноста, стручноста и интегритетот при изборот на поединци за такви позиции. Политичката припадност не може и не смее да биде главен критериум при вработување или поставување на раководна позиција, велат од Демократски сојуз.

Потенцираат дека граѓаните од Владата очекуваат во јавните претпријатија да постават раководство кое ќе биде професионално, одговорно и транспаретно.

Од суштинско значење е Владата преку поставување на носители на јавни функции да води сметка за нивната компетентност, стручност и интегритет. Некомпетентното раководство има негативно влијание и врз успешноста на претпријатието, а тоа има одрз и врз земјата во целина. Лошото одлучување ќе доведе и до дополнителни финансиски загуби и намалени јавни услуги, апелираат од партијата.

Според нив, ваквата пракса резултира со огромна штета на угледот на претпријатието и државата во целина, а младите кадри ја напуштаат земјата.

Демократски сојуз инсистира на поголема одговорност во процесот на именување и назначување на функционери, транспарентен процес и цврсти критериуми, додаваат од ДС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

М-НАВ доби нови директори

Надзорниот одбор ги именуваше Хекуран Асани и…

Се јавија кавадаречките директори, не знаат за…

Директорите од две основни училишта од Кавадарци,…

(Видео) Траги-комедија: Директори на основни училишта се…

Видео снимка направена синоќа во ноќен клуб…

Од Демократски сојуз загрижени за начинот на…

Од политичката партија Демократски сојуз изразуваат загриженост во врска…

Директори и членови на УО земале поголеми…

Премиерот Димитар Ковачевски, говорејќи за потребата од реформа…