Од денеска важи забраната за движење во шумите – за разладување останува само Водно
Стапува на сила забраната за движење во шумите, која ќе важи за Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер, а движењето ќе биде дозволено само со претходно одобрение од ЈП национални шуми.
Владината одлука доаѓа по пеколните температури кои ја зафатија земјава во изминатите денови, а со тоа расте и опасноста од пожари. Сепак, исклучок од одлуката има за планината Водно.
„Забраната за движење низ шума нема да важи за планината Водно, каде голем дел од граѓаните се рекреираат. Надлежните потенцираат дека тука ќе се прават редовни контроли“
Граѓаните кои ги забележавме токму на Водно, се согласуваат со одлуката за забрана за движење низ шуми. На таков начин, според нив, ќе се спречат пожарите кои се сериозна опасност на „плус“ 40 степени.
Оние кои нема да ја почитуваат забраната за движење низ шума и бидат затекнати, според најавите ќе се соочат со високи парични казни кои се движат и до 2.000 евра. Одлуката доаѓа откако изминатите неколку лета Македонија се соочи со катастрофални пожари кои опустошија голем дел од шумските предели, а на некои места предизвикаа и материјална штета. Сепак, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов уверува дека годинава институциите се подготвени, а најави дека трите авиони специјализирани за гаснење ќе бидат фунцкионални.
Инаку, поради топлото време во земјава, препораките за заштита на граѓаните остануваат до 25-ти јули. Според Управата за хидрометеоролошки работи, портокаловата фаза во која се наоѓа државава ќе трае во следните 10 дена. Дневните температури во голем дел од земјава ќе бидат над 35 степени, додека пак на некои места ќе ја надминат „четириесетката“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
Нови правила за патување во Европа од…
Граѓаните на Македонија, како и на другите…
Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…
Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…
Рама за победата на Студентската листа: Србија…
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…
Руската вакцина против рак даде резултати, кај…
Првиот пациент кој ја прими руската персонализирана…