Од денеска дизелот и бензинот се точат по поскапи цени

t

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47 проценти.

Најголемо поскапување има кај дизелот, кој ќе биде поскап за 2,50 денари и ќе се продава по 82,50 денари за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 1 денар и новата цена изнесува 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 87,50 денари за литар.

За 2 денари поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија нова цена е 81,50 денари за литар. Единствено намалување има кај мазутот М-1 НС, чија цена е намалена за 0,265 денари и сега изнесува 41,230 денари за килограм.

Од РКЕ појаснуваат дека новите цени се резултат на растот на референтните цени на бензините, дизелот и екстра лесното масло на светските пазари, како и на промените на курсот на денарот во однос на американскиот долар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 400 оброци за граѓаните на кои…

По повод Светскиот ден на борба против…

Од употреба се повлекуваат 14 учебници за…

Националната комисија за учебници одлучи да повлече…

27-годишна скопјанка повеќе од еден месец била…

27-годишна девојка пријавила дека повеќе од еден…

На 25 октомври започнува зимското сметање на…

Зимското сметање на времето годинава започнува на…

Папата Лав XIV денеска излегува од болница…

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV,…