Од денеска нови цени на горивата: Бензинот до 99, а дизелот 101 денар
Од денеска, 8 септември, возачите ќе плаќаат поскапи горива. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 4,89 отсто.
Најголемо поскапување има кај дизелот. Од денеска ЕУРОДИЗЕЛ се продава по максимална цена од 101 денар за литар, што е за шест денари повеќе од досега.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 е зголемена за три денари и изнесува 97 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 достигнува 99 денари за литар.
Поскапе и екстра лесното масло за домаќинство, чија максимална цена сега изнесува 105 денари за литар, односно осум денари повеќе.
Кај мазутот, новата цена е 46,001 денар за килограм, што претставува зголемување од 1,591 денар.
Според РКЕ, поскапувањето е резултат на повисоките референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во однос на претходната пресметка, бензините поскапеле за 4,829 отсто, дизелот за 8,922 отсто, екстра лесното масло за 11,644 отсто, а мазутот за 4,163 отсто.
И покрај зголемувањето, продолжува примената на намалената акциза од два денари по литар за двата вида бензин и четири денари по литар за дизелот.
Од РКЕ појаснуваат дека утврдените цени се највисоки дозволени цени, што значи дека трговците можат да продаваат гориво и пониско од овие износи.
Нови максимални цени од денеска:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 97 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 99 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ – 101 денар/литар
Екстра лесно масло ЕЛ-1 – 105 денари/литар
Мазут М-1 НС – 46,001 денар/килограм
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од денеска нови цени на горивата: Бензинот…
Од денеска, 8 септември, возачите ќе плаќаат…
Жешко време низ Македонија: Температурите ќе достигнат…
Времето денеска ќе биде сончево и топло,…
36 пожари за 24 часа, активни се…
На ден 07/08.09.2026 година, до 07:30 часот,…
Македонија одбележува 35 години независност
На 8 септември 1991 година, граѓаните на…
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…