Од денеска со „Б“ категорија може да се вози мотор до 125 кубици
Од денеска граѓаните кои имаат возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW. Ова следи откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството, а 8 април годинава беа изгласани со огромно мнозинство во Собранието. Во меѓувреме, траеја администеративните процедури за Правилникот подготвен од Министерството за внатрешни работи, со чие денешно објавување во Службен весник во сила се законските измени.
Со законот се придвидува во Македонија возачот кој поседува возачка дозвола од „Б“ категорија да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ откако ќе наполни 23 години и поседува минимум 5 години важечка возачка дозвола од категорија „Б“ и поседува потврда за посета на 4 часовна теоретска обука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…