Од денес повторно блокиран ГП Евзони
По паузата поради празниците, грчките земјоделци од денеска повторно ги активираат блокадите на граничниот премин Евзони.
Преминот ќе биде целосно затворен за влез и излез за сите видови возила во периодот од 17:00 до 21:00 часот по македонско време, што е клучното време кога обично од Грција во недела се враќаат македонските граѓани кои го поминале викендот во соседната земја.
Според информациите од граничните служби, илјадници Македонци изминативе денови беа во Грција за дочекот на Новата година и споениот викенд.
Земјоделците вчера излегоа на протестен марш низ Кукуш, а потоа, незадоволни бидејќи потпретседателот на Парламентот, Јоргос Гоергадас, одбил да се сретне со нив, фрлија сено и памук пред неговата канцеларија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Километарски колони на „Евзони“ за влез во…
Километарски колони возила со часови чекаат за…
Километарски редици на Евзони, патниците од Грција…
На граничниот премин Евзони во текот на…
Над 2,5 часа се чека за влез…
Крајот на продолжениот викенд и враќањето на…
Грција ќе го суспендира земањето отпечатоци на…
Грчките погранични власти ќе имаат можност привремено…
Денеска и утре не се очекуваат блокади…
Денеска и утре, поради празникот Водици во…