Од “непознатите” документи за Бугарите, кој имал задача да ги бугаризира Македонците? Груевски сподели објава на ОМО Илинден Пирин!

t

Поранешниот премиер Никола Груевски сподели објава на ОМО Илинден Пирин на Фејсбук, во која пишуваат за вистината и “непознатите” книги и документите за Бугарите.

Во продолжение објавата на ОМО Илинден Пирин:

– Од “непознатите” книги и документите за Бугарите.

АСЕН БОГДАНОВ – е бугарски полициски началник на Скопската област за време на бугарската окупација на Македонија. Тој е одговорен за многу убиства, тепања, мачења и тортури врз Македонскиот народ под фашистичка окупација 1941-1944.

По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, станал директор на полицијата во Софија. Бугарија пробала да го осптруира неговото предавање на македонските власти, но сепак во мај 1948 година бил притворен и предаден на македонските власти и во јавниот судски процес во Скопје, ноември 1948 година бил осуден на смрт и бил стрелан заедно со Димитар Раев и Борис Жуглов.

Овде покрај неговото свевдоштво од стенограмите од неговото судење, дури и New York Times, пренел дел од неговите зборови, дека, тој имал задача да “ги бугаризира” Македонците и да ги убива сите припадници на ослободителното движење.

А, вториот дел е уште поинтересен каде тој потврдува дека како и денес и тогаш, главите им ги полнеле со небулози дека во Макеоднија живеат Бугари, дека ќе одат да ги ослободат, но кога дошол, освен неколку бугаромани (поимотни кои веројатно поради својот имот станале нивни марионети), сите останати си имале сознание дека се МАКЕДОНЦИ! – стои во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…