Од полноќ нов пад на цените на горивата

t

Изминативе недели, тврди Бислимоски, има голем пад на цените и тоа е поради паѓање на цената на светските берзи и намалување на курсот на доларот.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, најави ново намалување на цените на дизелот и бензините еуросупер 95 и 98.

Дизелот и еуросупер 98 ќе се намалат за еден и пол денар, додека Еуросупер 95 за еден денар.

Тоа значи дека новата цена на дизелот и Еуросупер 98 ќе биде 78 денари, на Еуросупер 95 ќе биде 76,5 денари по литар.

Изминативе неколку недели, вели Бислимоски, цените се паднати за 30 денари.

„Изминатите две до три недели, пред сè поради паѓање на цената на нафтените деривати на светските берзи, како и намалување на курсот на доларот, РКЕ ја намали цената на нафтените деривати за повеќе од 30 денари. Тој тренд продолжува и денес. И денес ќе има намалување на целата за дизелот за еден и пол денар, и на 98 за еден и пол, а на деведесет и петката за еден денар“, вели претседателот на РКЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…