Од полноќ поевтинуваат горивата

t

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53% во однос на одлуката од 7.5.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,939%, кај дизелот за 1,523%, кај екстра лесното масло за 1,341% и кај мазутот намалувањето е за 3,608%.

Од 10.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,609 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,223 ден/кг и сега ќе изнесува 44,609 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мециновиќ: Ние сме за протекционистичка економија,…

Левица е за протекционистичка економија, вели во…

Од полноќ поевтинуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Јавниот долг на крајот на првиот квартал…

Министерството за финансии денеска ги објави податоците…

Португалска компанија пронајде 10 милијарди барели нафта…

Португалската нафтена компанија Галп Енергија во неделата…

ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите:…

Владите на Европската Унија годишно губат 286,5…