Од почетокот на војната во пеколот на Газа се родени речиси 20.000 бебиња..
Обединетите нации денеска соопштија дека од избувнувањето на војната, пред повеќе од три месеци, во Газа под „неверојатни услови“ зе родени илјадници бебиња.
Портпаролката на УНИЦЕФ, Тес Инграм, по враќањето од неодамнешната посета на Појасот Газа, изјави дека таму видела мајки како крварат до смрт и медицинска сестра која прави царски рез без анестезија или на веќе починати жени.
Според УНИЦЕФ, Агенцијата за деца на ОН, речиси 20.000 бебиња се родени за време на војната што започна на 7 октомври по нападот на палестинските екстремисти, предводени од Хамас, врз југот на Израел.
Во овој напад загинаа околу 1.200 лица, повеќето цивили, а 240 беа киднапирани и однесени во Газа. Потоа, во израелските напади од воздух, море и копно како знак на одмазда, загинаа речиси 25.000 Палестинци, од кои повеќето жени и деца.
Инграм на новинарите во Женева, преку видео-врска од Оман, им кажа дека во страшната војна во Газа на секои десет минути се раѓа по едно бебе, пренесуваат француските медиуми.
Таа додаде дека раѓањето дете треба да биде време за славење, а во Газа тоа значи дека уште едно дете е родено во пеколот и ја нагласи потребата од брза меѓународна акција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во гостиварско: 59-годишен возач загина откако…
59-годишен жител на Гостивар го загубил животот…
ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот…
Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…
Паника и неизвесност: Граѓаните во Литванија во…
Граѓаните во централните и во северните делови…
Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени…
Полицијата ширум Франција уапси најмалку 1.800 лица…
73-годишник од Крива Паланка осомничен дека силувал…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка…