Од растот на платите се офајдија и Мицкоски и Славески – 88 илјади денари професорска плата

t

За во просек 22 отсто пораснаа платите на професорите во УКИМ, мерка од која „се офајдија“ и најголемите критичари на економските политики на владата, Христијан Мицкоски и Трајко Славески.

Мицкоски и Славески се политичарите кои редовно ги критикуваат политиките на владата за раст на платите, а своевремено професорот Славески ја критикуваше и политиката на раст на минималната плата.

„Вкупно 3.000 професори, асистенти, административни и технички лица ќе почнат да добиваат зголемен износ на личниот приход по основ на плата за околу 22 отсто, а дополнително зголемување за одреден процент ќе има и од март, кога е предвидено зголемување на минималната плата во државата. Станува збор за обврска согласно колективниот поединечен договор потпишан помеѓу Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ и Собранието на Република Северна Македонија како основач на високообразовната установа, а чија цел е унапредување на правата, можностите и материјалната состојба на вработените на универзитетот“, информира МОН.

Покачувањето на платите на професорите на УКИМ, значи дека и Мицкоски и Славески во својот буџет ќе ги почувствуваат бенефитите од економските политики на владата за раст на платите во државата.

Но дури и кога се споредува куповната моќ на платите, се забележува дека таа е сега поголема, отколку во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Со минималната плата од 130 евра во 2012 година, беа потребни четири минимални плати за покривање на минималната синдикална кошничка од 520 евра. Додека во ноември 2023 година, последниот месец по кој минималната синдикална кошничка се пресметуваше според таа методологија беа потребни 2,3 минимални плати за покривање на истата.

Постојаниот раст на платите и овие податоци покажуваат дека Мицкоски и Славески сега имаат повисоки плати, кои вредат повеќе, но за политички поени ги критикуваат економските мерки кои помагаат на граѓаните да живеат поудобен живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…