Од рубриката верувале или не: По дебаклот во Брвеница, СДСМ тврди дека им расте бројот на гласови
Првичните резултати од Аналитичкиот центар на СДСМ за изборите за градоначалник на Брвеница покажуваат дека во споредба со изборите од 2025 година гласовите на ВМРО се намалиле за 13%, а гласовите на СДСМ се зголемиле за 46%.
Односно, од 3.388 гласа освоени за градоначалник во 2025 година, сега кандидатот на ВМРО, Стојанчо Радичевски, освоил 2.944 гласа. Тоа е пад на поддршката за 13%. Падот на ВМРО е уште поголем, над 20%, ако се има предвид дека и ЗНАМ и Левица го поддржаа кандидатот на ВМРО.
СДСМ во 2025 година освои 481 глас за кандидатот за градоначалник, а сега, во 2026 година, кандидатот на СДСМ, Јовица Радески, освои 706 гласа, што е зголемување за 46%.
Резултатите во Брвеница го потврдуваат трендот дека поддршката за ВМРО се намалува, а довербата во СДСМ расте.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФТ: САУДИСКА АРАБИЈА, ОАЕ, КАТАР И ТУРЦИЈА…
Лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати,…
Јутјуберот Богдан Илиќ ќе добие кривична –…
Според Кривичниот законик на Србија, на Богдан…
Лајен: Неопходен е прекин на огнот во…
Прекин на огнот во Украина е од…
ЕВН Хоум го објави новиот тендер за…
ЕВН го распиша новиот тендер за набавка…
Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени…
Пожарот што избувна во куќи во близина…