Нови детали: ОД СЕЛО ЛИВАДА ДОШОЛ ВО СТРУГА И УБИВАЛ КУЧИЊА
Настанот со кучињата во Струга кои беа убиени со огнено оружје во градот ја вознемири јавноста, а денес од СВР Охрид потврдуваат дека веќе имаат осомничено лице. Станува збор за 62-годишниот М.З. од село Ливада, од кого била одземена пушка. -Тој се сомничи дека во периодот од 06:45 до 07:15 часот, на улицата „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници. Од него, одземена е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава- информираат од СВР Охрид.
Околу тоа која била причината мажот од селото да дојде во градот и низ улиците да пука по кучињата, предизвикувајќи општа опасност, нема информации. Денес во Струга продолжило убивањето на кучиња со огнено оружје, информираат од Здружението за заштита на животните Анима Мунди. Од таму појаснуваат дека две лица утрово повторно пукале по кучињата и биле убиени над 20 бездомни животни. Упатија отворено писмо до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во кое го повикуваат веднаш да бидат запрени вооружените лица, а институциите професионално, според закон да си ја извршуваат должноста.
-Полициските службеници при увид одбиле да повикаат јавен обвинител и одбиле да ги пратат лешевите на обдукција бидејќи била скапа. – При обдукцијата во ветеринарна станица во Битола СВР Битола одбиле да го превземат доказниот материјал – куршумите бидејќи не било нивна работа. Како МВР планира да открие кои се каубојците во Струга кои искористиле цел арсенал муниција од кои 7 куршуми во едно куче? Која европска држава, кое современо општество, кое министерство на чело со министер повеќе од 24 часа молчи за настанот и практично ги охрабрува монструмите да убиваат во два наврати? Ќе чекаме ли уште крв да се пролее министре?-порачаа од здружението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…