Од семејството на Миле Бежовски апелираат за помош: Имаме време до понеделник да го спасиме!

t

Од семејството на нашиот Миле Бежовски апелираат за помош и потенцираат дека лекарите денеска им соопштиле дека едниот негов бубрег целосно откажал, а другиот веќе е тешко оштетен.

– Инфекцијата се шири и неговата состојба се влошува со секој изминат час. Ни рекоа дека ако не биде опериран до понеделник, можеби нема да успееме да го спасиме. Татко ми има само 49 години. Човек кој секогаш бил покрај нас, кој никогаш не се жалел и секогаш наоѓал сила за сите. Сега лежи без сили. Болката е постојана. Понекогаш дури не може ни да зборува. Најтешко е да гледам како децата трчаат кај него, го влечат за рака и сакаат да играат, а тој нема сили да стане. Се обидува да се насмевне за да не ги исплаши, но јас гледам колку се мачи. Не можеме да чекаме. Немаме време. Ни недостигаат 4.680 евра за да може да влезе во операциона сала. За нас тоа не е само сума, туку шанса да го спасиме. Ве молам, помогнете ни. Не ме оставајте да го изгубам. Не сега. Не на овој начин. Ако имате можност – помогнете, ако не – споделете. Секоја помош е важна, стои во апелот.

143-127 преку мрежата на T-Mobile е бројот на кој сите хумани луѓе можат да донираат за помош на охриѓанецот Миле Бежовски, кој се соочува со тешко заболување на десниот бубрег, со исклучително намалена функција и подложен на постојани инфекции поради што е неопходен оперативен зафат (деснострана нефректомија).

Средства може да се донираат и на трансакциска сметка отворена во Комерцијална банка 300 027000815 179 на име Миле Бежовски. Од Македониja и странство можете да донирате со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…