Од срцев удар почина мајката на мотоциклист, кој пред два дена загина во несреќа на трка

t

Срцето на мајката на холандскиот мотоциклист Виктор Стиман (22), кој загина во тешкиот удар на трката во Португалија пред три дена, не ја издржало големата загуба. 59-годишната Флора Ван Лимбек починала во четвртокот навечер како последица од срцев удар во својот дом во Латхум, објавија холандските медиуми.

На трката „FIM Supersport 300 World Championship“ во португалскиот Алгарве, Стиман беше еден од многуте кои настрадаа во сударот во свиокот број 14, по што веднаш бил пренесен во болница.

За жал, младиот Холанѓанец бил примен во болница со тешки повреди на главата и како последица на падот почина по два дена.

По смртта на Стиман, неговото семејство се одлучило на потег вреден за пофалба – ги донирало неговите органи и на тој начин спасило пет лица, но срцето на неговата мајка не можело да ја издржи трагедијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице загина од шрапнели од дрон…

Еден човек загина, а двајца се повредени…

„Им благодарам на нашите војници:“ Зеленски објави…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимки од…

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…

ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…

Дуа Липа и Рита Ора ги поддржаа…

Популарните пејачки Дуа Липа и Рита Ора…