Од Транспорт ги објавија понудите од јавната набавка за 150 автобуси, за обвинувањата од СДСМ велат дека се паушални
Министерството за транспорт ги демантира обвинувањата на опозицискиот СДСМ за тендерот за набавка на 150 електрични автобуси. Од Министерството велат дека СДСМ паушално обвинува за процес кој воопшто не се реализирал бидејќи нема договор и побараа јавно извинување од партијата, а во спротивно навија тужба за клевета.
Од ресорното министерство нагласуваат дека постапката се водела во целосно транспарентен процес и согласно Законот за јавни набавки, при што пристигнале вкупно четири понуди што биле предмет на евалуација.
Од Министерството во соопштението ги објавија и финансиските детали од понудите што пристигнале во рамките на тендерот изразени без ДДВ.
Според наведеното од Транспорт, понудата од „Електробус – Икарус“ – ЕВН била во вредност од 50 600 000 евра, кинеската компанија „Актрус“ со автобуси „кинг лонг“ во вредност од 50 700 000 евра, „Жонг Тонг“ во вредност од 50 600 000 евра и турската компанија БМЦ во вредност од 59 200 000 евра.
„Поединечните цени по автобус без полнач се: ‘Електробус/Икарус’: 314 000 евра, ‘Актрус/ Кинг Лонг’: 324 000 евра, ‘Жонг Тонг’: 327 000 евра и БМЦ: 385 000 евра“, се наведува во соопштението од Министерството за транспорт.
Оттаму велат дека од официјалните бројки јасно се забележува дека сите цени се приближно исти, односно оти воопшто нема разлика од 12 милиони евра како што тврди опозицијата.
Од Министерството за транспорт образложуваат зошто ниту една од компаниите не била избрана.
Двете кинески компании „Актрус/Кинг Лонг“ и „Жонг Тонг“ биле елиминирани бидејќи доставиле невалидни банкарски гаранции, а турската БМЦ воопшто не доставила банкарска гаранција и не ги исполнила техничките услови.
За понудата на „Електробус – Икарус“ – ЕВН велат дека второстепената Комисија за жалби по јавни набавки утврдила дека договорот за соработка помеѓу двете фирми бил потпишан само на хартија, но не и електронски, поради што тендерот е целосно поништен.
Во реакцијата Министерството упати прашање до опозицијата зошто на прес-конференцијата застапуваат понуда чии документи биле законски неисправни.
„Дописот што СДСМ го покажува во јавноста е токму од кинеската компанија ‘Актрус/Кинг Лонг’, чија понуда е невалидна, а притоа не е ниту за 12 милиони евра поевтина. Се наметнува прашањето: дали СДСМ одработува за странски интереси и зошто? Дали мотивот е локален и се крие зад локални пробисвети и криминалци?“, прашуваат од Министерството за транспорт.
Денеска од опозицискиот СДСМ на прес-конференција обвинија дека тендерот за набавка на 150 автобуси пропаднал бидејќи надлежните свесно туркале понуда која била поскапа за речиси 12 милиони евра.
Од СДСМ презентираа официјална претставка поднесена до Министерството за транспорт и рекоа дека поради наводните нерегуларности случајот го презема американскиот адвокатски тим „The Ticktin Law Group“ кој веќе најавил дека ќе ги известат Белата куќа, Стејт департментот и американската амбасада во Скопје.
На ова реагираа и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ од каде што рекоа дека фотографијата од документот што беше покажана на прес-конференцијата е тежок фалсификат и глупост и оти од СДСМ мислат дека со лаги и ширење невистини некој ќе им поверува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Транспорт ги објавија понудите од јавната…
Министерството за транспорт ги демантира обвинувањата на…
„Креди Јес“ е финансиското друштво за брзи…
„Креди Јес“ е финансиското друштво за брзи…
(Видео) Експлозии, топовски удари: Во Белград се…
По протестот во Белград на Студентското движење…
Петгодишно дете тешко повредено по удар од…
На 22.05.2026 околу 11:00 часот во ОВР…
Серија апсења на повеќе локации низ Скопје
На 22/23.05.2026 во Скопје, на различни локации,…