Од Украина во Европа пристигнале речиси осум милиони бегалци
Од 24 февруари, кога започна воената операција на Русија во Украина, до 15 ноември, во европските земји пристигнале вкупно 7.841.359 украински бегалци, соопшти денеска канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
Најмногу бегалци прими Русија (2.852.395), потоа Полска (1.497.849), Германија (1.019.789), Чешка (460.415), Италија (173.231), Шпанија (153.054), Бугарија (145.560), Турција (145.000). Британија (143.100), Франција (118.994) и Словачка (100.783).
Во другите земји, бројот на украински бегалци не надминува 100.000, а вкупно 4.725.612 бегалци од Украина се вклучени во привремените национални програми за заштита и поддршка.
Во извештајот на УНХЦР се наведува дека д о 24 февруари, 15.354.147 луѓе ја напуштиле Украина, а 7.747.450 се вратиле во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…