Од Украинец на Табановце запленети детектор за метал, шлемови, револвери – кубури…

t

Опрема за пронаоѓање злато и други метали, но и војнички шлемови и стари револвери кубури – антиквитети, се запленети на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински службеници при спроведена детална контрола на возило со украински регистарски таблички, управувано од украински државјанин.

Како што соопшти Царинската управа, во возилото во неколку торби и една кутија биле пронајдени три стандардни и еден мал детектор за метал, двоглед, седум војнички шлемови, мини стругалка, два стари револвери – кубури, една аукциска книга, лупа, мини дрон, како и препарирана глава од алигатор.

– Контролата на возилото е извршена поради основано сомневање во исказот на патникот, кој на прашање на царински службеници одговорил дека нема ништо за пријавување. Лицето и неговата сопруга патувале во две посебни возила и според нивните искази планирале подолго да се задржат во нашата држава – велат од Царина.

Стоката е привремено задржана, со што е спречена можноста за употреба на истата и вршење нелегални активности на територија на Република Македонија. Против лицето е поднесена пријава за сторен царински прекршок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…

„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…

Нов бран закани за поставени експлозивни направи…

ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…

Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…

ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА ВОЈНАТА СО ИРАН ВЛИЈАЕЛА…

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…

НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…

Нов бран закани со поставени експлозивни направи…