Од утре испорака на учебниците до училиштата: За две недели сите ќе бидат снабдени со учебници!

t

Поминаа два и пол месеци од почетокот на првото полугодие од учебната година, но наставата се одвива во услови на недостиг на учебници. Како решение, учениците фотокопираат наставни материјали или учат од оштетени книги. Министерот за образование, Јетон Шаќири за ТВ21 изјави дека учебниците се готови и дека од утре ќе им бидат достапни на училиштата.

„Јас кажав и стојам на тоа дека учебниците ќе бидат готови до октомври. Денес имаме над 22 наслови само за основно образование кои се одобрени од Педагошката служба и ги имаме повеќето од нив. Околу 15 се испечатени од економскиот операторот кој ја презема обврската да ги печати“, вели Јетон Шаќири.

Испораката на учебниците до сите училишта каде што има дефицит, вели Шаќири, ќе се заврши во рок од две недели.

„Очекувам во текот на целиот ноември, сите учебници во основното образование….За прашањето за новиот концепт, има повеќе од четири паралелки, нови генерации кои од следната година нема да имаат проблеми со другите учебници. Ќе се отвори дискусија и за овие учебници. Испораката на учебниците започнува од четврток. Во кои училишта, во моментов го немам планот. Економскиот оператор ќе ги извести училиштата, бидејќи учебниците мора да бидат примени од директорите, треба да се евидентираат, итн.“, додава Јетон Шаќири.

Останатиот дел, околу 70%, ќе биде испорачан по околу една недела, во зависност од тоа како економскиот оператор ја врши логистичката распределба на учебниците. Шаќири рече дека ја разгледуваат можноста за промена на законската процедура, односно да се скрати постапката за обезбедување наставни материјали. Ресорниот министер исто така најави и дека Националниот совет за учебници, првпат по повеќе од две години неработење, одобрил повеќе од 70 учебници за стручно образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Во учебниците ќе научат како сме…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

Денков бара промена на бугарските учебници по…

Бугарскиот премиер Николај Денков смета дека училишните…

Катастрофа: Од 123 учебници, недостигаат 43, тврди…

„МОН не обезбедиле учебници за секој предмет.…

“Заборавиле да пишуваат”: Шведска се враќа на…

Додека децата се враќаа во училиштата во…

“Пример за соживот”: На Албанците им пречат…

Родителите на децата кои учат на албански…