Од утре носете си чадор – најави за локално невреме
Под влијание на циклонска активност утре попладне и во вторник ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни, од 20 до 40 литри на квадратен метар, со пороен карактер и појава на ретки грмежи.
Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер од над 70 километри на час.
Во вторник врнежите на планините ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Дневната температура во вторник ќе биде во опаѓање, наведува УХМР.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер.
Во Скопје утре попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат обилни, над 20 литри на квадратен метар, проследени со засилен ветер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УХМР: Вчера дувал ветер од 134 km/h!
УХМР објави информација за максимална брзина на…
Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово…
Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово…
УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
(Видео) Невреме во Задар, автомобил падна во…
Силно невреме утрово го погоди хрватскиот град…
Невреме во западна Србија, издадено предупредување за…
Невреме со силен дожд, грмежи и локално…