Од утре стабилно и сончево време со пораст на дневните температури
Времето во наредните денови ќе биде стабилно, на почетокот на неделата со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст. Во котлините наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска, информира УХМР.
Утре времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје утрото студено со услови за слаба магла, а преку денот сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 7 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Сончево и топло време со умерена…
Сончево и топло со мала до умерена…
Метео: Сончево со мала до умерена облачност,…
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне,…
Сончево време со мала до умерена облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Времето умерено облачно, попладен се очекува дожд
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Еве какво ќе биде времето денес
Времето денес ќе биде сончево и потопло…