Од фала не се живее: Фала за поддршката од Македонија за членство на Шведска во НАТО – без двоумење зазедовте позиција против Русија и се усогласивте со ЕУ

t

Поранешната министерка за надворешни работи на Шведска, Ан Линде денеска во Скопје изрази благодарност до Северна Македонија за поддршката на напорите на Шведска за членство во НАТО.

– Особено е важна оваа поддршка од сите 28 земји, вклучително и од С. Македонија. Без двоумење заземавте позиција против Русија и стопроцентно се усогласивте со одлуките и надворешната безбедноста политика на Унијата, нагласи Линде, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на вториот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Mеѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија..

Поздравувајќи го неодамнешниот стар на преговорите за членство на земјава во ЕУ, Линде, порача дека не е добро за ЕУ тоа што не ги започна преговорите порано, но сепак е добро што конечно тоа се случи.

– Шведска ќе претседава со ЕУ од јануари 2023 година и Владата и опозицијата се силно посветени на поддршка на С. Македонија за нејзино полноправно членство во ЕУ, порача Линде, нагласувајќи дека на овој пат не очекува многу работа, но дека вреди да се направи тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…