Од четврток топлотен бран со температури над 40 степени
Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат утре во земјава – најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во среда претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност.
Од УХМР најавуваат дека од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневните температури се очекува да надминат 40 степени.
Низ земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 30 до 37 степени. Во Скопје ќе се задржи претежно сончево и топло време со слаб ветер од променлив правец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Времето утре сончево со мала облачност, во…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…