Од што се плашат најмногу Европјаните: Руска инвазија на Украина ќе донесе огромен бран бегалци

t

Можната инвазија на Украина од страна на Русија се очекува да донесе нов бран бегалци во срцето на Европа, велат експертите, јавува Агенција Анадолија.

Полска, земја со едвај мало искуство во справувањето со бегалски бран, се очекува да биде најпогодена.

Со оглед на тоа, полските власти се подготвуваат за различни сценарија.

Полскиот министер за внатрешни работи, Мариуш Камински, изјави дека регионалните администрации и општини ја разгледуваат можноста за прифаќање бегалци во случај на војна во Украина.

Полскиот заменик-министер за внатрешни работи, Масиеј Васик, исто така рече дека тие ја разгледуваат можноста во земјата да пристигнат околу 1 милион украински бегалци.

„Полската Влада ќе дејствува солидарно со Украина. Според Женевската конвенција, овие луѓе ќе бидат под полска заштита и ние никогаш нема да кажеме не на луѓето на кои им е потребна помош“, рече Васик.

Агњешка Косович, раководителка на Полскиот миграциски форум, невладина организација која ги поддржува правата на полските мигранти, рече дека 10-те центри управувани од полската канцеларија за миграција имаат вкупен капацитет за 2.000 луѓе. „Во моментот 800 луѓе живеат таму“, рече таа.

Јан Пиекто, поранешен амбасадор на Полска во Украина, рече дека има повеќе од 1 милион Украинци кои дошле во потрага по работа и се активен дел на полското општество. Сепак, Пиекто нагласи дека бранот од стотици илјади луѓе кои бегаат од војна и смрт не е нешто што Полска може да го дозволи.

Центарот за анализа на европската политика (CEPA) исто така истакна дека претставниците на ЕУ и Вишеградската група треба да проценат дали првите прифатни и транзитни земји се подготвени за бранот бегалци во случај на можна инвазија.

Полска има граница со Украина подолга од 482 километри и има повеќе од 10 премини на границата. Полска е веќе претпочитана земја поради нејзината географска близина, релативно повисоките плати и други фактори.

CEPA истакна дека Полска, како и другите европски земји, нема да ги отвори рацете кон украинските бегалци.

„Додека полскиот премиер ја истакна неговата солидарност со Украина, не е јасно дали тоа ќе доведе до олеснување на острите политики на Полска за азил. По руската инвазија на Крим во 2015 година, Полска одби 99 проценти од барањата за азил на украинските граѓани“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот советник за национална безбедност: Не очекувам…

Новиот пакет воена помош за Украина, кој…

Зеленски: Бог има украинско знаме на рамото

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Велигден ги…

Макрон: Ако победи Русија, следната секунда не…

Способностите и дострелот на руските балистички ракети…

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција…

Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Кросето, истакна…

Зеленски забрани натамошно повлекување на армијата, го…

Во наредните денови Украинците треба да бидат…