Објавено на:

Од што стравуваат? Грција купува израелски ракетен систем идеален за одбрана на границите

t

Владиниот совет за национална безбедност со кој претседаваше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ја одобрил набавката на ракетните системи SPIKE- NILOS за потребите на армијата.

Според грчките медиуми, станува збор за израелски ракетни системи, односно прецизно оружје што може да се користи и дење и ноќе, може да се постави на секаков вид на копнена или поморска платформа, а според државната телевизија „ЕРТ“ е идеално оружје за одбраната на границите на земјата.

Има напреден систем за контрола на траекторијата во реално време за време на летот на проектилот.

Информативниот портал „Њуз 247“ пишува дека израелските ракети SPIKE- NILOS можат да го претворат секое морско подрачје околу островите во „зона без пристап“, без разлика дали се под закана од воздух од непријателски хеликоптери или од закана од морето, па дури и од поголеми воени бродови

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ќе и ги даде на Украина…

Грција нема да ги пренесе во Украина…

Повторно е отворен граничниот премин Евзони

Од утрово е отворен граничниот премин Евзони…

Силен земјотрес ја погоди Грција

Силен земјотрес со јачина од четири степени…

Бугари уапсени во Грција поради измама со…

Семејство Бугари е уапсено во Грција поради…

Вулин: Дора Бакојани покажа дека Грција стана…

Основачот на српското Социјалистичко движење, Александар Вулин…