Од 1 декември матичниот лекар ќе одобрува до пет дена
Од 1 декември почнуваат да се применуваат новите правила за одобрување, времетраење и затворање на боледувањето.
Согласно новиот Правилник, матичниот лекар ќе може да одобри боледување до пет дена. За отсуство подолго од пет дена ќе бидат потребни соодветни дијагностички испитувања и специјалистички извештај со препорака за времетраењето на боледувањето.
За боледување подолго од 15 дена ќе биде неопходно одобрување од лекарска комисија на Фондот за здравствено осигурување.
Боледувањето ќе се отвора на денот на прегледот или наредниот ден, а во оправдани случаи ќе може да се отвори ретроактивно, најмногу еден ден наназад. Затворањето ќе се врши на последниот ден од одобрениот период или најдоцна еден ден подоцна.
За повторно боледување поради иста дијагноза во период пократок од 30 дена ќе биде потребно претходно одобрување од лекарска комисија. По болничко лекување, ретроактивно продолжување на боледувањето ќе биде можно најмногу пет календарски дена, со одобрение од комисија.
При отворањето на боледувањето ќе се издава потврда, додека ИСР-образецот ќе се издава по неговото завршување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1 декември матичниот лекар ќе одобрува…
Од 1 декември почнуваат да се применуваат…
Доктор и медицинска сестра претепани од татко…
Доктор и медицинска сестра од Итната медицинска…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Лекар најави штрајк со глад откако третпат…
Лекарот и приватен специјализант Дарко Василевски најави…
Боледувањето што го даваат матичните лекари ќе…
Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко…