Од 1 ноември Црна Гора воведува визи, познати се земјите што се засегнати

t

Најавеното воведување визен режим за граѓаните на Турција, Русија и Белорусија од 1 ноември би можело значително да се одрази врз туристичкиот сообраќај, инвестициите и работењето на бројни компании во Црна Гора.

Директорот на Центарот за истражување и развој на туризмот, Петар Голубовиќ, предупреди дека туристите од овие три пазари минатата година учествувале со околу 20 до 21 процент во вкупната структура на гости, што претставува значаен удел за црногорскиот туризам.

Според него, по воведувањето на визите се очекува пад на побарувачката, а загубените ноќевања тешко ќе можат брзо да се надоместат со туристи од други пазари.

„Имаме проценка за пад од 20 проценти, што е поблаго сценарио. Тоа би значело околу 3,8 милиони ноќевања помалку“, изјави Голубовиќ за TVCG.

Тој додаде дека, за Црна Гора да го задржи приближно истиот број ноќевања како оваа година, кој се проценува на околу 16,5 милиони, би требало да надомести околу 4,75 милиони ноќевања од други пазари.

Одлуката за воведување визи за државјаните на Русија, Турција и Белорусија ја донесе Владата на Црна Гора како дел од исполнувањето на критериумите за затворање на Поглавјето 24 во пристапните преговори со Европската Унија.

Визниот режим треба да стапи во сила на 1 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1 ноември Црна Гора воведува визи,…

Најавеното воведување визен режим за граѓаните на…

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не…

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека западните…

Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката за…

Познат е идентитетот на лицето кое го…

Трамп и Рубио размислуваат да ја разрешат…

## Трамп и Рубио размислуваат да ја…

(Видео) Скандал околу адвокатот на Ива Михајлова:…

Бугарскиот адвокат Николај Димитров, кој ја застапува…