Од 10 години до доживотен затвор: На напаѓачите од Бањска ќе им се суди за нарушување на уставниот поредок

t

Од 10 години до доживотен затвор им се заканува на уапсените српски напаѓачи во инцидентот кај селото Бањска во Косово, пишува Н1. Медиумот вели дека бројот на уапсените од нив не е точно потврден, но она што е познато дека пред судот во Приштина веќе беа изнесени двајца од напаѓачите.

Тие ќе одговараат за „тешки кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“, за „подготовка терористички дејствија или кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“ и за „неовластено поседување, контрола и држење оружје“.

Британски Гардијан во сопствена анализа пишува дека „ако е вмешан (српскиот претседател Александар) Вучиќ, можни се санкции за Србија“. Весникот пишува дека дел од оружјето кое беше пронајдено во автомобил близу местото на инцидентот е од српско потекло:

Властите во Приштина покажаа низа модерно оружје што го користела групата, вклучително и два оклопни автомобили од српско производство и фрлач на гранати, заедно со документ што наводно покажува дека фрлачот гранати, произведен од „Застава Армаментс“, бил испорачан од српската армија, се вели во написот.

Обвинувањата меѓу Белград и Приштина во врска со одговорноста за инцидентот продолжуваат. Косовскиот министер за надворешни работи Џељал Свеќла на фејсбук објави фотографија од документ за кој тој тврди дека е „доказ дека српската армија to го доставила на групата по повод испораката на фрлачот на гранати“.

Во судирите во Бањска загинаа еден косовски полицаец, четворица членови на паравоена група, а неколкумина беа повредени. Според косовскиот министер за надворешни работи, српската група потоа се повлекла со оклопни автомобили во манастир во близина на селото, што довело до судири.

Администрацијата на Бајден ја истражува можната вмешаност на Белград. Едвард П. Џозеф, поранешен заменик-шеф на мисијата во Косово за Организацијата за безбедност и соработка во Европа, рече дека ако Белград стои зад паравоената група, САД ќе мора да го преиспитаат својот пристап кон регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синоќа засилено прскање против комарци во три…

Засилени акции за прскање против комарци синоќа…

Врховниот суд на САД привремено гo одобри…

Американскиот претседател  Доналд Трамп  доби привремена правна поддршка…

Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…

Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…

Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…

Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…

Летови од 19 евра и рачен багаж…

Европскиот авионски пазар би можел да добие…