Од 12 април до 19 јули нова воена вежба на Криволак
Од 12 април до 19 јули на воениот полигон Криволак ќе се одржи воена вежба „Resolute Castle 24“ на која ќе учествуваат 270 припадници од вооружените сили на САД, 70 припадници на вооружените сили на Кралството Норвешка и 60 припадници на Армијата на Република Македонија. Вежбата, како што е образложено, е дел од Планот за организација и учество на Армијата на Македонија на вежби од меѓународен карактер за 2024 и 2025 година и е во организација на Командата на вооружените сили на САД за Европа и Африка.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана,денеска ја узвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија заради учество на вежбата „Resolute Castle 24“.
Полноправното членството во НАТО бара активно учество во заедничките вежбовни активности со што се зголемуваат и одбранбените способности на Алијансата за одбрана и одвраќање, во рамки на коишто е и оваа вежба, соопшти владината служба за информирање по денешната седница на Владата.
На предлог на Министерството за одбрана Владата донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Македонија за учество на вежбата „Saber Strike 24“ во Сојузна Република Германија и во Република Полска.
Вежбата ,,Saber Strike 24“ е во организација на Европската команда од вооружените сили на САД, на којашто покрај припадници од вооружените сили на САД, учество е предвидено да земат и претставници од Обединетото Кралство, Германија, Полска, Хрватска, Холандија, Италија, Литванија, Белгија, Шпанија и Чешка. Вежбата, според ресорното министерство, ќе придонесе за обновување на стекнатите знаења и стекнување со дополнителни знаења на персоналот на Армијата, за подготовка на единици за извршување на здружени мултинационални операции, се вели во соопштението на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР со апел до охриѓани: Избегнувајте го…
Полицијата утре од 08 часот, на стрелиштето…
Утре на полигонот „Криволак“ ќе се уништи…
На полигонот „Криволак“ утре ќе се уништи…
Неготинец неовластено влегол во воениот полигон „Криволак“
Жител на неготинското село Црвени Брегови неовластено…
На Криволак примопредадени новите артилериски системи „боран“…
На армискиот полигон „Криволак“, министерот за одбрана…
АРМ со вежба на Охридското езеро, апел…
Во периодот од 09 до 11 јуни…