Од 2024 година Македонија ќе се снабдува со природен гас од Грција
Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини за време на учеството на шестиот енергетскиот форум за Југоисточна Европа рече дека маркет тестирањето на интерконкеторот со Грција ќе биде готово в понеделник и се надева дека до крајот на годината ќе биде потпишан договорот за изградбата, а најдоцна до средината на 2024 година ќе имаме снабдување со гас од Грција.
Нуредини порача дека Македонија сака да биде гасно независна, најдоцна до 2024 година воопшто да не биде зависна од рускиот гас и затоа работи на интерконекторот со Грција и инвестираше во терминалот за течен гас во Александруполи.
Со оглед на тоа дека форумот се одржува во исто време со состанокот на министрите за енергетика на ЕУ, Нуредини се согласи со ставот на албанската министерка дека требаше и претставници од Западен Балкан да бидат во Брисел, изрази надеж дека колегите од Унијата нема да го заборават регионот, а паралелно ја истакна потребата од регионална стратегија и соработка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 18-месечно бебе во Грција откако испило…
Машко бебе на 18-месечна возраст вчера почина…
Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…
Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…
Стотици луѓе на улиците во Атина поради…
Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…