Објавено на:

Од 2028 година нема да се изнајмнуваат станови за туристи во Барселонa

t

Барселона денеска објави дека до 2028 година ќе го забрани издавањето станови на туристи, со што сака да го спречи растот на трошоците за домување и да им овозможи на граѓаните да живеат во свој град.

Левичарскиот градоначалник на градот, Жауме Колбони, рече дека до ноември 2028 година, Барселона ќе ги одземе лиценците на 10.101 станови кои моментално се лиценцирани за краткорочно изнајмување.

Краткорочниот бум на изнајмување во Барселона, најпосетуваниот град во Шпанија, остави некои граѓани да не можат да си дозволат кирија откако кириите се зголемија за 68 отсто, а цените на имотот за 38 отсто во изминатите 10 години, рече тој. Пристапот до домување стана двигател на нееднаквоста, особено за младите луѓе, додаде тој.

Во последните десет години, локалните власти воведоа ограничувања за краткорочно изнајмување на Канарските Острови, Лисабон и Берлин.

Социјалистичката министерка за домување на Шпанија, Изабел Родригез, рече дека ја поддржува одлуката.

Во последниве години во Барселона не беше дозволена регистрација на нови туристички апартмани. Од 2016 година локалната власт нареди затворање на 9.700 диви туристички станови и речиси 3.500 станови повторно ги користат граѓаните за домување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…

Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…

Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…

Украина ќе добие нов пакет воена помош…

Во Шпанија почна тридневна жалост по железничката…

Во Шпанија денеска почна тридневна жалост по…

УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…

Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…