Од 310 примени кандидати, само 11 се од немнозинските заедници – ДУИ бараат да се повтори конкурсот во средното полициско училиште

t

Власта систематски ги исклучува Албанците од структурите на редот и безбедноста – велат од опозициската ДУИ, обвинувајќи дека од вкупно 310 примени кандидати во средното полициско училиште, само 11 се припадници на малцинските заедници – Албанци, Турци, Роми, Срби или други. Помалку од 3 отсто од примените се Албанци, велат од ДУИ и бараат повторување на конкурсот со почитување на соодветната застапеност на сите заедници.

Партијата бара и политичка одговорност за случајот и оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени од Влен бидејќи, според ДУИ, формалното присуство на функционер на оваа позиција не може да се користи како алиби за исклучувањето на Албанците во институциите.

„Истовремено, бараме во структурите на полицијата, редот и безбедноста да се воспостават јасни, мерливи и задолжителни механизми за правична и соодветна застапеност, од регрутирањето до раководните позиции. Не може да се дозволи она што се градеше со години да биде поништено за само две години и Албанците да бидат сведени на институционален декор. Ова не е прашање на еден конкурс, ниту на еден поединец, туку на еднаквоста, на мултиетничкиот карактер на државата и на почитувањето на Охридскиот мировен договор“,велат од ДУИ, додавајќи дека Албанците не бараат привилегии, туку правична застапеност.

Како особено загрижувачки, според ДУИ, е тоа што овој феномен, покрај Албанците, ги засега и останатите немнозински заедници. На овој начин, велат од опозициската партија, се создава институционална супремација која произлегува од една монистичка матрица. Додека некој се однесува како домаќин, додаваат оттаму, другите се третираат како граѓани од втор ред и потстанари во сопствената држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

ДУИ бара одговор зошто нема ниту еден…

ДУИ реагира дека етничките Албанци во државата…