Од Kовид-19 почина грчки митрополит

t

Митрополитот на грчкиот округ Етолија-Акарнанија, Космас, кој се противеше на вакцинирањето и сите заштитни ковид-мерки општо, почина на 76 години по едномесечна борба со ковид-19. Космас, кој одбивал да се вакцинира, бил примен во болница на 1 декември, по што завршил на интензивна нега.

Космас беше жесток критичар на владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучувајќи носење маска. За време на една богослужба минатата година, тој ги нападна сите оние кои не сакаа да влегуваат во преполни цркви, нарекувајќи ги неверници.

Господ не дозволува да се заразите. Господ не заразува! Ова е свето место, храмот е небесен – кажа тој.

Космас лани бил повикан од Светиот синод да објасни зошто не ја почитува едногласната одлука на Грчката православна црква во врска со коронамерките за време на Велигден. Седумдесет и петгодишната сестра на Космас, која исто така не била вакцинирана, почина од ковид-19 минатиот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…