ОКТА повторно го враќа попустот од 2 денари за цената на бензинот, но не и за дизелот!

t

Компанијата ОКТА Скопје воведува привремено намалување од 2 денари по литар за бензините со 95 и 98 октани, како дел од напорите за поддршка на домашниот пазар на горива. Мерката ќе се применува во периодот од 2 до 16 јуни оваа година.

Од компанијата информираат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата, насочена кон ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и економијата.

Намалувањето ќе важи за сите трговци што се снабдуваат со бензин од „ОКТА“, како на големо така и на мало.

Од компанијата нагласуваат дека со оваа мерка им се дава можност на трговците да ја пренесат поддршката во конечните цени за потрошувачите, но истакнуваат дека тие и понатаму самостојно ги формираат малопродажните цени, во согласност со своите трговски политики и пазарни услови.

Според проценките, вкупниот придонес на ОКТА Скопје преку овие мерки за поддршка на пазарот ќе надмине 7 милиони евра.

Да потсетиме, претходно ОКТА нудеше намалување од 2 денари за бензините и 3 денари за дизел горивото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски: Разгледуваме можности за рестартирање на…

Премиерот Мицкоски денес во одговор на новинарско…

Зошто ОКТА не е под истрага за…

Мазутот во случајот „Мазут“ бил со соодветен…

ОКТА повторно го враќа попустот од 2 денари…

Компанијата ОКТА Скопје воведува привремено намалување од 2 денари…

„Окта“ го продолжува попустот од три денари…

Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност,…

ОКТА го зголемува попустот за дизел на…

Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните…