ОЛИМПИЈЦИТЕ ЌЕ БИДАТ БЕЗБЕДНИ ВО ПАРИЗ: Франција за Олимпијадата ќе мобилизира 15.000 војници
Околу 15.000 војници ќе бидат мобилизирани за Олимписките игри во Париз што се одржуваат летото 2024 година, од кои 10.000 во поширокото подрачје на главниот град на Франција.
Во оваа фаза, 250 дена пред истекот на рокот, армијата се подготвува да регрутира околу 15.000 војници на национално ниво, од кои околу 10.000 ќе бидат распоредени во Париз и неговата околина, изјави генерал Кристоф Абад.
Во тој број војници не се вклучени лицата од безбедносниот приватен сектор.
Организацискиот комитет на Олимпијадата оценува дека од 17.000 до 22.000 безбедносни агенти се неопходни за да се обезбеди едно натпреварувачко место.
За таков вид обезбедување се пријавија повеќе приватни компании.
Олимписките игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…