Објавено на:

Омилените музичари го одбија Чарлс Трети: Познато кој ќе настапува на церемонијата за неговото крунисување

t

Откако омилените музичари на кралот Чарлс одбија да настапат на концертот за крунисување, кој ќе се одржи на 7 мај, сега се знае кој ќе ги замени.

Кети Пери Лајонел Ричи и групата „Take That“ ќе го предводат концертот за крунисување, како дел од прославата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, што ќе се одржи ден претходно, јавува Би-Би-Си.

Сепак, првичната желба на кралот била Ед Ширан и Адел да настапат, но тие одбиле.

Во замокот Виндзор ќе се одржи концерт, а на него ќе настапи и меѓународната оперска ѕвезда Андреа Бочели во дует со добитникот на Греми Брин Терфел, како и пејачката и текстописец Фреја Ридингс со класичниот композитор и пијанист Алексис Френч.

Ќе настапи и хорот Coronation, составен од хорови од заедницата и пејачи аматери од цела Велика Британија. Сите ќе имаат можност да пеат пред 20.000 луѓе, а се очекува крунисувањето пред малите екрани да го следат неколку милиони луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ